За нас
Кои сме, што правиме, зошто и како
За нас – Кои сме, што правиме, зошто и како
Интернет Агент Трејд ДООЕЛ беше основан во 2014 година со фокус на организирање настани за зачувување на природата.
Десет години подоцна, во 2024 година, се роди Глуварче – бренд кој одговара на потребата за природни и еколошки производи, создаден со верба за одржлива иднина.
Нашата мисија е да бидеме доверлив извор на податоци и производи за секојдневна употреба кои се безбедни и за човекот и за природата.
Нашата визија ни го покажува патот да создадеме општество што ги користи придобивките на цивилизацијата во баланс со природата.
Зошто „Глуварче“?
Глуварчето е едноставно растение, присутно на секоја ливада, незабележливо, сè додека не посакаме да замислиме желба и да ја довериме на неговото семе.
Неговата сила е во коренот – длабок, стабилен, кој носи хранливи материи до околните растенија со плитки корени.
Неговите зелени лисја содржат повеќе железо од спанаќот, а коренот, цветот и стеблото се користат за чаеви и лековити облоги.
Глуварчето е скромно, издржливо и моќно – и затоа го избравме како симбол на нашиот бренд.
Легенда за Глуварчето
Глуварчето некогаш било незабележливо цветче со лековити својства. Кога божицата Хигија посакала да му се заблагодари за неговата помош, му понудила избор за нов изглед.
Глуварчето гледало кон розата, кокичето, нарцисот, но не сакало да биде копија. Погледнало нагоре и посакало да биде жолто како сонцето, потоа бело како месечината и сјајно како ѕвезда.
Не можеше да се одлучи, па божицата му ја исполни секоја желба.
Затоа денес глуварчето прво го гледаме како жолт цвет, потоа како бела топка семиња, кои кога ги разнесува ветерот, блескаат како мали ѕвезди.
Истото го прави и Глуварче – создава можности за подобар избор, кој ги исполнува желбите на идните генерации.
Како ја постигнуваме нашата визија?
Современото секојдневие е исполнето со предмети што го олеснуваат животот. Но најчесто, тие се направени од пластика и вештачки материјали кои се штетни по здравјето на човекот и тешко разградливи а со тоа опасни за природата.
Големите промени бараат време, но Глуварче нуди лесно решение: промени го производот, не навиката.
Нашите производи се природни, биоразградливи, и не бараат прилагодување, само замена.
Одржливоста не смее да биде привилегија, затоа цените ги правиме достапни за секого.
Преговараме со производителите, минимизираме непотребни трошоци, сè со цел да создадеме промена што ја негува иднината.
Ве покануваме да ни се приклучите во вербата да станеме општество што живее во баланс меѓу цивилизацијата и природата.
Придружете ни се и направете избори кои денес ве негуваат и создавааат чиста и здрава иднина.