Природни производи,
добри за тебе, добри за природата.

Квалитет што си го дозволуваш.

Во Глуварче, предност имаат човекот и природата – не профитот. Веруваме дека одржливиот живот треба да биде достапен за секого, затоа нашите производи се со поволни цени, без компромис со квалитетот.

Како го постигнуваме ова? Едноставно – заработуваме помалку.

Материјалите што ги користиме се природни – растени во природа, со време и енергија што не може да се забрза. На економски јазик, ова значи дека уште од самиот почеток производот има висока вредност. Но, внимателно ги бираме производителите и преговараме за најдобрите услови за да ја направиме разликата.

Дополнително, пакувањето е едноставно и функционално – без непотребни додатоци, но со важна еко-вредност. Секоја кутија е економична и 100% биоразградлива, затоа што одржливоста е дел од нашата мисија, не само нашите производи.