Податоците кои се собираат и обработуваат при посетата на веб страната на Gluvarce.mk и интернет продавницата се податоци кои Вие доброволно ги оставате при Вашата регистрација (креирање на сметка) или при користење на интернет продавницата. Со оставање на податоците Вие се согласувате за нивна обработка само за целта со која сте ги оставиле.
Интернет Агент Трејд ДООЕЛ преку брендот gluvarce.mk со Вашите податоци постапува согласно документот за приватност на интернет.
За точна обработка на Вашата нарачка неопходни се Вашето име и презиме, адреса на достава (живеење), е-маил и телефонски број. Овие податоци се доволни за испорака на саканите производи, како и да споделиме информации за статусот на нарачката.
Интернет Агент Трејд ДООЕЛ преку брендот gluvarce.mk се обврзува да ја заштити Вашата приватност согласно Законот за заштита на лични податоци. Се обврзуваме дека нема да ги користиме Вашите податоци на трети лица.
Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле формулар за добивање информации и промоции, Вие имате право:
– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
– Да пристапите до Вашите лични податоци,
– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете стопирање на нивната понатамошна обработка,
– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.
Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци од страна на Интернет Агент Трејд ДООЕЛ преку брендот gluvarce.mk, имате право да се обратите и до:
Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/ info@privacy.mk