- Општо
Интернет Агент Трејд ДООЕЛ Скопје (ние и нас) е оператор на gluvarce.mk веб страна и интернет продавница. Со нарачување производи преку веб страната Вие се согласувате на условите подолу. Овие услови се дадени со цел да обезбедат заштита и на продавачот и на купувачот, како и појаснување за очекувањата од нашата услуга.
Се трудиме да одржуваме точен број на залихата на нашата веб страна но можно е да се случи да постои дискрепанција на залихата со што нема да ги задоволиме Вашите порачки. Во ваков случај ќе Ве контактираме.
- Адреса за достава
Нарачките се праќаат на адресата која е внесена во формата за нарачка. Внимателно запишете ја адресата и проверете ја точноста на запишаните податоци. Глуварче.мк не е одговорен за пратките кои не се доставени поради неточно запишана Адреса на достава.
- Трошоци за достава
Доставата се наплаќа 150 денари по нарачка.
2.1 Доставувач
Доставувач на Глуварче.мк е Еко Логистик Сервис.
2.1 Време на достава
По направената нарачка на интернет продавницата на gluvarce.mk, наредниот ден нарачката ќе биде пратена по доставувач и во рок од 1 до 3 дена, во зависност од тоа во кој град живеете, ќе ја добиете избраната нарачка.
- Враќање на нарачка и поврат на средства
Нашата политика за враќање на нарачката трае 14 дена од приемот на пратката.
3.1 Услови за враќање на нарачка и пари
За да може да се врати нарачката, производите кои Вие сте ги порачале мора да бидат неупотребени и во иста состојба како што ги добивате. Во следните случаи нема да се одобри поврат на средства односно парцијално може да се вратат пари:
- Производот (производите) кои ги враќате имаат јасни знаци на употреба
- Производот/ите не се во првобитната состојба, се оштетени или недостасуваат делови
- Производот/ите ги враќаат по истек на рокот од 14 дена, откако сте ги примиле.
3.2 Адреса за враќање на пратка
За да ги вратите производите, треба да ги пратите на следната адреса
Интернет Агент Трејд ДООЕЛ Скопје
Бренд Глуварче
Ул. Стрмашево 5Б/1-7 Кисела Вода
1000 Скопје
Р.С. Македонија
Достава на производите кои ги враќате е на Ваш трошок.
3.2 Поврат на средства (ако е одобрено)
Кога ќе ја добиеме вратената нарачка, ќе ја прегледаме и ќе Ви пратиме порака на маил адреса со известување дека сме ја добиле нарачката која ја враќате. Исто така ќе Ве информираме дали и кој износ е одобрен за враќање пари.
Доколку Ви е одобрено враќање на уплатениот износ, сумата ќе биде вратена на кредитната картичка со која сте платиле во рок од 7 дена.
Платениот износ за достава на нарачката не може да се врати. Се враќа само износот на производите кои се одобрени и прифатени за враќање.
За повеќе детали во врска со враќањето на уплатениот износ обратете се на info@gluvarce.mk
3.3 Промена на нарачка
Имате право да изберете дали производите кои ги враќате:
А. Сакате да ги замените со исти производи
Б. Да изберете други производи од нашата продавница
В. Да Ви издадеме ваучер на уплатениот износ.
- Данок
Интернет Агент Трејд ДООЕЛ Скопје, со брендот Глуварче не е ДДВ обврзник.
- Услуга на клиенти
За повеќе информации Ве молиме контактирајте не на маил адреса info@gluvarce.mk