Природни производи, добри за тебе, добри за природата.

Промени го производот, не навиката

Секојдневните мали одлуки имаат големо влијание. Промени го производот не навиката е концепт кој ја носи глобалната визија во твоето секојдневие.

„Мисли глобално, делувај локално“ беше воведен како концепт за заштита на животната средина во извештајот на Обединетите Нации во 70-тите години од минатиот век. Тој ни покажува дека секој чекор, колку и да изгледа мал, придонесува за голема промена.

Може ли твојот избор навистина да има глобално влијание? Да, може.

Заштеди вода – едноставно затворање на чешмата додека ги миеш забите може да ти заштеди до 1 460 литри вода годишно.

Намали отпад и заштеди пари – користењето сопствено метално/стаклено шише за вода, годишно значи 365 пластични шишиња помалку во отпад и околу 8 000 денари заштеда.

Секој избор што го правиш има моќ.

Глуварче ја прави промената на едноставен начин - промени го производот, не навиката.

Ние знаеме дека навиките тешко се менуваат. За тоа е потребна дисциплина, силна волја и време. Затоа ја нудиме алтернативата на природни производи што го задржуваат твојот ритам на живот, но со позитивно влијание врз личниот живот и врз природата.

Пример: Едноставен сунѓер за садови од тиква – заменува пластично сунѓерче, но начинот на миење садови останува ист. Мала промена, голема разлика.

Со Глуварче, твоите избори создаваат почиста иднина, без напор и без компромиси.