Луфа – природен сунѓер од земјата!

Дали знаете дека Вашиот сунѓер може да расте во земја?
Повеќето сунѓерчиња кои денес ги користиме се направени од нафтени деривати, но долго пред нив, луфата која е природен растителен сунѓер – се користела за лична нега и домаќинство.
Што е луфа?
Луфата (Luffa aegyptiaca и Luffa acutangula) е тропско растение од семејството на тикви и краставици. Тоа е брзорастечка лозница со големи зелени листови и прекрасни жолти цветови.
Во првите 90-120 дена од растот, нејзините плодови се меки и богати со хранливи материи – може да се јадат како тиквичка, свежи или готвени. Но, ако ги оставиме плодовите целосно да созреат (до 200 дена), нивните влакна стануваат цврсти и природно го формираат сунѓерот. Ова е целосно еколошки и биораградлив сунѓер!
Каде се користи?
Во исхраната – младиот плод луфа, наликува на тиквичка е богат со минерали и витамини и е одличен додаток во јадењата. Благотворно делува посебно на лицата со дијабетис.
Во домаќинството – се употребува во кујна за миење садови и за чистење.
Лична нега – како ефикасен ексфолијант за пилинг на кожата.
Во индустријата – во моторите, во градежништвото како изолатор, дури и во кациги и шлемови.
Зошто луфа сунѓерче?
Расте во земја
Долготрајно
Антимикробно
100% биорaзградливо.
Глуварче Ви ја претставува својата луфа – ние ја користиме во кујната како сунѓерче за садови, но Ви оставаме слобода да ја испробате и како сунѓер за тело.
Подготвил: Глуварче.мк
Референца
sanufoods.com
luffagardens.com
thespruce.com
beaire.com
permaculturehaven.com