Како е направено

Сисал – влакно од кактус

Сисал – влакно од кактус

Материјалот сисал, е изваден од цврстото и отпорно влакно сисал кој наоѓа примена во бројни индустрии.
Сисал има долга историја на употреба низ историјата, токму поради својата цврстина и одржливото производство. Се употребува во авотмобилската индустрија, во модната дури и во земјодеството. Материјалот сисал дава широка палета на карактеристики кои го прават баран материјал од страна на свесните индустриски и индивидуални потрошувачи. Овде ќе го разгледаме потеклото, производниот процес, особините, начин на употреба, добрите и негативните страни, со акцент на одржливоста во општество кое е и станува еко-свесно.

Што е Сисал влакно?
Сисал материјалот е зеленикав материјал кој се изработува од влакната на растението сисал, со единствена текстура и цврст карактер. Зошто треба да го разгледаме овој тип материјал? Бидејќи покрај тоа што е стилски материјал ( за домашни декорации) сисал материјалот има сериозно влијание врз средината. Доаѓа од обновлив извор – растение сисал, што значи дека можеме да го одгледуваме растението сисал, и употребуваме материјалот, без да и наштетиме на планетата Земја. Бонус е што предметите изработени од сисал материјалот се одлични и долготрајни, и ова го прави погоден за изработка на различни предменти од килими до украси за ламби. Всушнот сисал е суперхерој материјал, кој елегантен и ја чува природата истовремено.

Историја и потекло на Сисал влакно
Сисал е природно влакно кое се вади од листовите на Агаве сисалана растението кое привично го има во Мексико и Централна Америка. Растението расте на земја и наликува на кула од ананас.
Кога листовите достигнуваат доволна должина, внимателно се селектираат и се собираат, вообичаено тоа се листови стари 3 до 5 години. Потоа листовите се подложуваат на процесот на вадење на влакната. Листовите се кршат се до одвојување на влакното од пуплата. Потоа влакната се мијат, се сушат и се одбираат според квалитетот. Потоа се собираат во клопчиња кои го продолжуваат својот живот во изработка на ткаенина сисал.

Во минатото, сисал влакното најчесто служело за изработка на јаже, обувки, килими, облека, торби и хартија. Потеклото на растението е од Полуостровот Јукатан, но низ вековите одлгедувањето на сисал се раширило низ повеќе земји во светот вклучително Бразил, Кенија, Танзанија, Мадагаскар, Кина, Мексико и Хаити.

Сисал карактеристики: сила, различност и одржливост
Необичната цврстина, различност и одржливост се главни карактеристики на сисалот за да ја достигне неговата популарност.
Влакната сисал не се само цврсти и долготрајни, туку се и отпорни на солена вода, со што наоѓаат идеална примена во бродовите.

Кои се вообичаените примени на сисал материјалот?
Сисал вообичаено се коиристи за производство на конец за ткаење килими и стапки и слично.
Друга одлична карактеристика на сисалот е одличната долготрајност, отпорност на тегнење и кинење. Додека особината на биоразградување го прави еколошки прифатлив материјал.

Влакната сисал исто така имаат својство да апсорбираат влага и природно се отпрони за развој на микроби, што пак осигурува долготрајана употреба на производите и предметите направени од сисал.
Некои популарни примени на сисал:

Јаже

Благодарение на отпорноста на солена вода, сисалот е популарен избор во произвдството на јажиња кои се употребуваат во бродската индустрија. Потоа јажињата од сисал имаат примена и во земјоделството, потоа транспортот. Денес сисал материјалот продолжува да изненадува со различни несекојдневни примени.

Погодно за пакување

Во ерата на еко-освестување, сисал обезбедува одржлива алтернатива за синтетиќките полимери кои се користат за пакување.

Геотекстил
Влакното сисал е проучувано и ги задоволува истражувањата за употреба како геотекстил за земјата врз која се планираат градби.

Дали сисал е исто што и јута?
Не, сисал не е исто што и јута. Јутата доаѓа од друго растение. Сисал расте на Агаве сисал растението додека јута влакното расте на растението Corchorus capsularis.
Караткеристики и особини на Сисал материјалот
1. Цврстина и трајност
2. Пропустливост на воздух и вода
3. Текстура и естетика

Предност на сисал материјлот

А. Природно и одржливо влакно
Една од најголемите предности на сисал влакното е што е природно и природно одржливо. Сисал доаѓа од растението агаве, обновлив извор кој бара минимум вода и инсектициди за да расте. Ова го прави растението еколошко во споредба со вештачките материјали за чие производство се троши енергија и вода и многу загадува.

Б. Отпорно на абење и кинење
Сисал материјалот е на високото прво место по долготрајнос и отпорност на абење и кинење. Килимите озработени од сисал остануваат исти без разлика колкава фреквенција на луѓе минат врз килимот.

В. Хипоалергични и еколошки

Ако страдаш од алергии или имаш осетлива кожа, сисал материјалот е одличен избор. Неговите хипоалрегени свосјтва помагаат против развојот на микроби од прашина и различни алергени, и овозможува прочистена и здраво окружување. Дополнително, сисал материјалот не ги врзува вештачките и хемиски бои, со што ја намалува воспаление на кожата. Следствено покрај негата на здравјето на човекот, избоорт на овој сисал материјал помага да имаме позелена планета.

Глуварче овој материјал го употребува во форма на мрежа за сапун за тело. Мрежата направена од сисал влакно прави блага ексфолијација на телото, истовремено негувајќи ја со природен сапун. Прак тично за секојденвна употреба и најважно без НИКАКОВ пластичен отпад.

Мрежа за сапун за тело – Gluvarce.mk

Одржување и нега на сисал материјалот

1) Чистење и вадење на дамки
Во однос на чистењето превенцијата е основна. Избегнувај премногу водени средини или места со ризик на истекувања/протекувања. Во случај на исутрањеи дамкање одстрани го вишокот вода со друг абсорбирачки материјал. За секојдневно одржување, килимот редовно чисти го со правосмукалка или благо четкање, и избегнувај грубо четкање или многу хемиски средства кои ќе гго оштетат материјалот.

2) Превенирање о оштетување и продолжување на употребата
Да го зачуваш матерјалот од оштетување се препорачува да се избегнува јако и долго изложување на директна сончева светлина, која може да го избледе материјалот и да ги ослаби влакната.
Повремено вртење на страните може да превенира нееднаквото трошење на материјалот.

Влијание врз природата
1. СИсал како материјал од обновлив извор е извонреден избор за текстилната индустрија.
Биоразградливо и низок степен на јаглероден отпечаток

Една од мерливите предности на сисал материјаот е биоразградливоста. Во споредба со синтентичките материјало за кои се потребни години за нивно целосно разградување, сисал матерјиалот брзо и лесно се разградува за помал временски период. Производствениот процес на сисал материјалот емитира многу малки гасови во споредба со вештачките материјали, и овозможува да има низок јаглеродне отпечаток на планетата.

Сисал допринос на биодиверзитетот

Сисал растенијата играат важна функција во помагање на биодиверзитетот во природата. Тие овозможуваат средина за разст и развој на инсекти и животинки кои се важна алка од еко-системот. Поантаму одгледувањето на сисал помага во бробата против ерозија на земјата и опустинувањето, со тоа што овозможува стабилизирање на земјата. Со тоа што употребувап сисал материјал ти директно помагаш на одржување и заштитување на екосистемите.

Заклучок

Сисал материјалот е историски сведок дека природниот материјал може денес да најдде разноврсна примена, и ги помага еколошките навики. Како што ставаме приоритет на еколошките материјали, сиалот се јавува како идеална замена за вештачки материјли.